Плоштадот Таксим ја испишува историјата според бројот на посетеност, објавуваат вечерва турските медиуми.
Илјадници навивачи од четирите најголеми турски фудбалски клубови, Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ и Трабзонспор се обединија и одлучија заедно да се приклучат на антивладиниот протест, кој вечерва според организаторите брои, повеќе од 100 илјади луѓе.
Тие носеа турски знамиња, палеа факли и извикуваа слогани против премиерот Ердоган, барајќи тој да си поднесе оставка. Ним им се придружија и навивачите од другите истанбулски клубови, како Ѓозтепе, Каршијака и Бурсаспор.
Вечерва е осми ден од масовните протести во Турција, кои почнаа поради владиниот план да го пренамени паркот Гези и на негово место да изгради трговски центар, џамија, како и да обнови две касарни од периодот на Отоманската империја.
И покрај тоа што Ердоган повика демонстрациите да сопрат, протестите продолжија со несмален интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


