Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради претстојниот Суперкуп на УЕФА, инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување образот на Скопје.
Во нивниот најнов проект „Суперкуп Скопје“, членовите на „WeTalkIT“ заедницата, ги поврзуваат фудбалските навивачи на кои им треба сместување со луѓе од Македонија што имаат желба да им понудат бесплатен престој.
Целта на овој проект е што поголем број граѓани да бидат домаќини на еден или двајца гости во својот дом со цел да овозможат место за ноќевање на навивачите на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед, кои ќе дојдат во Скопје.
За да му овозможите сместување/кревет на некој од навивачите, сѐ што треба да направите е да се логирате на „supercupskopje.com“ и да наведете каков тип сместување може да понудите. Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот профил на „Фејсбук“ на веб-сајтот, и преку испраќање на е-порака, директно ги контактираат тие што објавиле сместување, а вие како домаќини, сами решавате кој гостин ќе го
примите во својот дом.
Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да
овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските навивачи!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.