Две бугарски државјанки ограбиле жена во менувачница во центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против И.Е.Т. (27) и И.С.И. (20) од Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.
На 10 овој месец околу 17 часот и 30 минути на улица „Кеј 13 Ноември“ во менувачница пријавените забележале жена како менува пари и ѝ се доближиле.
Додека И.С.И. се туркала во оштетената со цел да ѝ го одвлече вниманието, И.Е.Т. ја протнала раката во чантата на жената и ѝ украла 55.530 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.