Според резултатите од најновата анкета објавена во Франција, поддршката за претседателот на државата Емануел Макрон во изминатиот месец опаднала за цели 10 проценти.
Моменталната поддршка од граѓаните за францускиот претседател, според најновата анкета спроведена од познатиот Институт за истражување на јавното мислење ИФОП, изнесува 54 насто. Иако Макрон силно тргна на светската политичка сцена, а потоа со својата партија освои солидно мнозинство во парламентот, првите три месеци од неговиот претседателски мандат не минаа целосно без проблеми.
Неговите противници и медиумите силно го критикуваа како некој кој има тежок карактер, oсобено по несогласувањата околу буџетските кратења, кое резултираше со поднесување оставка на началникот на Генералштабот на француската војска, Пјер де Вилјер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.