| четврток, 6 декември 2018 |

Три едноставни вежби за секси половина

Девојките постојано се споредуваат со другите. Наместо тоа,  време е да се преземе нешто кон посакуваното тело и струк. Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат во таа цел. За видливи резултати повторувајте ги вежбите секој ден, еден месец.

Вежба 1

Застанете исправено. Раширете ги стапалата во должина на рамената. Со десната рака обидувајте се да го дофатите подот, а со левата таванот. Останете во таа позиција неколку секунди и променете ја страната. Повторете ја вежбата 10 пати.

Вежба 2

Останете во истата позиција. Кренете ги рацете над главата колку што можете. Свиткајте ги зглобовите се додека дланките не станат паралелни со таванот. Во таа позиција, истегнете се најмногу што можете, но држете ги нозете цврсто на земјата. Повторете ја оваа вежба 10 пати.

Вежба 3

Седнете на подот. Прекрстете ги нозете. Потпрете се на левата рака, а лакотот подвиткајте го. Десната рака кренете ја над главата и тегнете се на левата страна се додека не почувствувате затегнување на десната страна од струкот. Останете во таа позиција неколку секунди. Направете ја истата вежба за левата страна. Повторете ја вежбата 6 пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top