| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно девојче казнето за продавање лимонада, сега добива понуди за работа

Петгодишното девојче од Лондон, кое доби казна од 150 фунти поради продавање на лимонада, добила десетина понуди за да постави свој штанд на други настани.

Андре Спајсер, професор во економско училиште, дозволил неговата ќерка да постави штанд за освежување пред Фестивалот Лавбокс во источен Лондон во кој наплаќала по половина фунта од чаша со лимонада. Сепак, редари од локалниот совет го казниле семејството поради недозволена трговија. Советот подоцна се извинил и ја повлекол казната.

Но, Спајсер вели дека неговата ќерка добила повеќе понуди да продава лимонада на саеми и на пазари во Лондон.

„Пресреќни сме од добрите реакции кои ги добиваме од луѓето низ целиот свет. Повеќе фестивали, пазари и бизниси ни понудија можност да поставиме штанд за лимонада. Се надеваме дека понудата ќе биде проширена и на други кои сакаат да постават штанд“, се огласи семејството преку Твитер.

Пазарот Бороу преку социјалната мрежа се обрати до таткото на девојчето: „Најсериозно, дали вашата ќерка би сакала да продава лимонада на Пазарот Бороу? Би биле презадоволни да го овозможиме тоа за неа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top