| четврток, 6 декември 2018 |

Во рестораните на „Мекдоналдс“ влегува нов светски познат бренд?

Деновиве ќе се знае дали „Мекдоналдс“ ќе остане во Македонија. Во последниот период течат интензивни преговори меѓу акционерите во домашната фирма „СЈ компани“, која до пред еден месец ја имаше франшизата на светскиот бренд, и „Мекдоналдс“. Од преговорите ќе зависи одлуката дали ќе има ресторани во Македонија кои понатаму ќе работат под името на овој бренд, пишува „Утрински весник“.

Локалите на Мекдоналдс во Скопје, Тетово и Охрид беа неочекувано беа затворени на 14 мај. Над 200 вработени останаа дома без прецизна најава дали и кога ќе се вратат на работа. Иако повеќе од половина месец не работеа, тие зеле плата за минатиот месец. Им било ветено дека доколку се отворат рестораните, сите веднаш ќе се вратат на работа, пишува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top