| четврток, 6 декември 2018 |

Докторски плагијат за министерско место

Универзитетот во Диселдорф започна официјална постапка за одземање на докторската титула на германската министерка за образование Анете Шаван, пренесува Дојче веле.

За Научниот совет на факултетот во Диселдорф обвинувањата за плагијаторство се основани, па почна постапка за одземање на докторската титула на германската министерка  за образование Анете Шаван , пишува Дојче веле.

плагијат 2Истрагата ќе влијае во претстојната изборна кампања за Бундестагот, оценува Дојче веле, и додава „Книгата која ќе и ја одлучи судбината носи патетичен наслов „Личноста и совеста“.

Анонимни ловци на плагијати на интернет го докажаа плагијатот-докторскиот труд на поранешниот германски министер за одбрана Гутенберг. Притоа, пренесува Дојче веле, наишле и на „Личноста и совеста“ во која се пронајдени препишани пасажи, не толку бројни како кај Гутенберг, но сепак – околу 130 места во меѓувреме се сметаат за плагијат. Анете Шаван, во меѓувреме, самата побарала од Советот за оценка и одбрана на докторски трудови на Универзитетот во Диселдорф да го испита случајот, .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top