| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна љубовта-еве зошто Лукас ја остави Бранислава!

Познатиот пејач Аца Лукас и Бранислава Пашајлија ставија точка на својата љубов по само 23 дена врска, пишуваат медиумите.

Како што се пишува одлуката за раскинување е конечна, иако парот изгледал многу заљубено.

Наводно причините за прекин на врската биле преголемите притисоци и надворешните фактори пресилни за љубовта, па пејачот решил да стави точка на својата врска со Бранислава.

-Од самиот почеток се крена преголема фама поради нивната врска, премногу работи се наталожија, два брака, деца, сопругот на Бранислава, сопругата на Лукас. Надворешните фактори, како осудата на средината и завлегувањето во приватноста исто така влијаеја врз тоа Лукас и Бранислава да поразмислат за нивната врска, сваќајќи дека е најдобро да се разделат-рекол извор близок на Лукас.

Тие во меѓувреме од своите Инстрагам профили ги избришале сите заеднички фотографии, а Бранислава долеала масло на огинот со тоа што почнала да го следи се уште законскиот сопруг Жељко Пашајлија, иако тоа не го правеше во изминатиот месец колку што беше активна на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top