| четврток, 6 декември 2018 |

Одбиени жалбите на СЈО – нема притвори

Одбиени се сите жалби на СЈО за определување притвор за поранешниот премиер Никола Груевски, екс-министрите, Г.Ј., М.Ј., екс-шеф на владин кабинет М.П. и поранешен генерален секретар, К.Б., потврдуваат судии од Апелациониот суд за Макфакс.

Одбиени се и нивните жалби за пасошите, така што остануваат без патни исправи и должноста еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Oдлуките се анонимизираат и внесуваат во АКИМС системот, и на јавноста ќе ѝ бидат познати утре. На овие решенија нема право на жалба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top