Инцидент се случил попладнево во охридската населба „Радојца Новичиќ“, откако дошло до голема физичка пресметка во која едно лице е тешко повредено. Според полицијата, од местото на настанот стигнуваат контраверзни информации за обемот на инцидентот, како и за последиците.
Што точно се случило и во каква состојба е лицето за кое првично полицијата добила информација дека е повредено, треба да покаже истрагата која е во тек – објави Охрид Њуз.
На местото на настанот увид врши полициска екипа под надзор на јавен обвинител.
Подетални информации за инцидентот полицијата најави дека ќе соопшти по завршување на увидот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.