Од 9 до 12 часот, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „4 Јули“ во општина Ѓорче Петров. Во периодот пак од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „1“ во село Горно Соње, општина Сопиште.
Без струја од 9:05 до 15 часот ќе бидат корисниците од селата Држилово и Патишка Река, викенд населбите во истите села и „ПЦЦ Хидро“ во село Патишка Река, општина Сопиште.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.