| четврток, 6 декември 2018 |

Утре без струја делови од Карпош, Кисела Вода, Центар и Аеродром

Делови од повеќе скопски општини утре ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Во периодот од 8:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.1687 во село Бардовци, општина Карпош, од 8:30 до 14:00 часот корисниците од бул. Христо Татарчев, како и корисниците лоцирани помеѓу Дизајн Фантази и новиот кружен тек во Кисела Вода, а во периодот од 9:00 до 10:30 часот, корисниците од улиците 368 и Невена Ѓеоргиева Дуња во истата општина.

Без напојување со електрична енергија утре во периодот од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. Дамаска. во општина Карпош, од 11:00 до 12:30 часот, корисниците од улицата Благој Деспотовски Шовељ во општина Центар и во периодот од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Прашка бр.54, 56 и 58 во општина Карпош.

Корисниците, пак, од од ул. Ѓуро Ѓоновиќ бр.113 и нивната околина во општина Аеродром без струја ќе бидат во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top