Додека течат роковите од 48 часа во кој Апелација треба да се изјасни и за жалбите по јавната седница одржана во петокот, судот се соочува со притисоци да одлучи по желбите на СЈО. Дел од екпертите посочуваа дека се врши притисок врз судот преку кревање хистерија, а сето тоа во недостиг на правни аргументи. Токму поради немањето никаква правна основа, се брза со барањата за апсење. Познавачите на правото сметаат и дека практично без никакви аргументи се отфрлаат барања на одбраната за укинување на мерките за претпазливост. Меѓу тие притисоци е и изјавата на адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој доколку не се исполнат желбите на СЈО им порача дека на тоа ќе се гледа дека „судството не работи“.
И тактизирањето до последен момент и поднесувањето обвиненија недоволно поткрепени со докази е само показател дека СЈО е дел од сценариото за политичко уништување на ВМРО-ДПМНЕ, затворање на раководството на партијата и разнебитување на државата. Успехот од работата на Катица Јанева значително ќе влијае врз успехот на СДС на локалните избори. Без нејзина помош СДС ќе доживее нов изборен дебакл. Тоа ќе значи силен удар за квислиншката власт која треба да го зацврсти своето владеење пред да го реализира сценариото за целосен распад на државата. Токму затоа беа нејзините најави дека ќе продолжи со истраги и покрај истекот на рокот.
Сега сме сведоци на брутален притисок врз судии да се уважат жалбите на СЈО. Нивното уважување би значело правен дебакл и пуч на државата. Судиите треба стоички да ги поднесат притисоците и да внимаваат да не станат политички потркчовци, да го зачуваат својот интегритет и да не носат политички одлуки.
Очигледни се двојните аршини во спроведувањето на правото. Зоран Заев преку игнорирање и непочитување на судот, преку флагрантно кршење на легислативата и прописите е со уредна патна исправа и против него нема постапка за одземање на пасошот. За разлика од него, Груевски, кој се одзива секогаш кога имал уредно доставена покана од СЈО, кој е редовен на сите рочишта за судењето за случајот со општина Центар и до сега ниеднаш не ја повреди процедурата, има одлука на основниот суд за одземање на пасош.
Зоран Заев за случајот „Поткуп од 200.000 евра“ очигледно се исмева со судот и го избегнува судењето. Во прва фаза тој јавно кажа дека не го признава судот и дека сите негови одлуки се невалидни, по што и не се појавуваше на рочиштата. Потоа премина во фаза кога се служеше со очигледни лаги да не се појавува на судење. Па така во јавноста излезе со цела лепеза на неиздржани и ступидни оправдувања.
На сето тоа судот остана индиферентен а обвинителството не покрена барање за одземање на пасош. Се работи за криминален случај каде Заев од позиција на градоначалник е снимен со ПИМ мерки како бара поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен.
Наспроти ова Груевски иако до сега не ги прекршил легислативните процедури и е редовен на судските рочишта, СЈО преку брутален политички, партиски, но и надворешен притисок, издејствува одземање на пасош на лидерот на опозицијата, загрозувајќи ги со тоа неговите основни права и креирајќи монструозна политичка хајка. Двојните аршини го покажуваат бруталното кршење и газење на правната држава.
Секоја одлука донесена спротивно на онаа од Основниот суд Скопје 1 ќе биде преседан и доказ дека судството потклекнало на притисоците на СЈО во спрега со власта.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски излезе со јасен став. Груевски порачува дека и продолжува политичкиот театар и прогон од страна на СЈО, но тој планира на следните избори да победи и ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт.
–Јас тука се пријавив да одговорам на сите нивни лаги и невистини кои ги искажуваа во изминатиот период и да им порачам дека јас планирам на следните избори да победам, како политичка партија, како водач на политичка партија и повторно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, а не да бегам од земјата. Тоа е мојата главна порака. Никогаш не сум избегнал покани на СЈО, кога сум добил покана сум се јавил во СЈО, а секогаш при патувањата сум ги известувал дека патувам, иако не сум имал обврска за тоа. Секогаш уредно сум ги известувал кога сум имал најчесто кратки патувања – рече Груевски во изјава дадена пред судот.
Од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови апелираа дека судот мора да работи по словото на законот и никако поинаку и предупредуваа на притисоци со кои истиот се соочува.
„Недозволиво е да потклекнува под партиско политичките притисоци на СДС и нивната испостава СЈО. Впрочем дека судот потпадна под ваквиот невиден притисок е и последната одлука за одредување на притвор спротивно на правните аргументи. Оваа одлука е скандалозна од причина што при носењето не биле земени аргументите на одбраната, туку е водена исклучиво според барањата и диктатите на СЈО. Оваа хајка во која сега директно се вклучи и судот е крајно тенденциозна и има за цел да изврши удар врз функционерите и самата партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова сценарио има за цел да ги руши позициите на Македонија во пресрет на распродажбата на националните и државни интерeси кои на големо ги подготвува Зоран Заев“ – истакнуваа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Заврши јавната седница на Апелација за „Тенк”, продолжението закажано за 5 септември