45- годишна жена од едно мало место кај Бенковац, Хрватска, е осомничена дека предизвикала два пожара. Таа е уапсена, поднесена е кривична пријава и е предадена на обвинителството.
Првиот пожар го предизвикала во четвртокот околу пладне, а на пожарникарите им требало два часа да го изгаснат.
Постои сомнеж дека половина час подоцна, истата жена предизвикала уште еден пожар.
Оганот уништил два насади со маслинки и сува трева, пренесуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.