Патријархот на Руската православна црква апелираше до монасите да не ги користат мобилните телефони за пристап до Интерет, со цел да ги избегнат дополниелните искушенија.
– Интернетот стана големо искушение. Според мое мислење монасите се однесуваат прилично неразумно. Од една страна тие се повлекуваат од светот за да создадат поволни услови за спасение, а од друга страна користат мобилни телефони за пристап до Интернет, каде како што знаеме постојат голем број грешни работи, кои ги доведуваат во искушение, изјави патријархот Кирил за време на посетата на манастирот Зограф во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.