| четврток, 6 декември 2018 |

Кралско изненадување за роденденот-Џорџ полни четири години!

Британското кралско семејство туку што ја заврши својата мини-турнеја во Германија и Полска. Но, пред заминувањето, Кејт и Вилијам направија посебно изненадување за малиот принц Џорџ, кој денеска полни четири години.

Тие одлучија дека би било супер Џорџ да влезе во пилотската кабина и да добие едно возење со хеликоптер низ Хамбург. За радоста на малото момче говорат фотографиите.

Инаку, од кралската палата пристигна и новиот роденденски портрет на малиот Џорџ.

Фотографијата ја направи Крис Џексон, кој е оженет со личната асистентка на Кејт Мидлтон, Наташа Арчер.

-Воодушевен сум и почестен што ме замолија јас да го направам портретот. Тој е толку среќно и весело момче, што внесе забава на снимањето – вели Џексон за „Дејли Мејл“.

Освен ова возбудливо искуство за принцот, се планира и роденденска забава во домот на семејството, веднаш по враќањето од Германија, па јавноста со нетрпение очекува да ги види и тие фотографии.

Инаку, во малиот Џорџ во септември ќе тргне и на училиште. Се работи за приватното школо за подготвителна настава, кое се наоѓа во близина на Кенсингтон Палата, каде живее семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top