Темпото на модерниот живот предизвика бракот повеќе да не е заштита од болести, кои го напаѓаат нашиот организам.
Едно ново истражување покажа дека исчезнал поранешниот јаз во благосостојбата меѓу тие кои се во брак и тие кои не се во брак.
Во теоријата се наведува дека двојките поминуваат се помалку време заедно и се под акутен економски притисок. Исто така, луѓето се повеќе се на социјалните мрежи кога бараат емотивна поддршка, а не со пријателите и партнерите.
Претходните истражувања покажаа дека стапувањето во брачна заедница е здраво за човечкиот организам, а дека посебно придонесува на мажите бидејќи живеат подолго. За жал, последната студија покажала дека многу нешта се промениле.
Во истражувањето учествувале 12.000 луѓе родени од 1955 до 1984 година, кои биле поделени во три групи. Кај настарата група, брачните двојки имале подобро здравје во однос на самците, додека таа разлика била послаба во групата на луѓе на средна возраст, а целосно исчезнала во младата група.
– Поради се поголемите проблеми дома и на работа и се помалото време кое двојките го поминуваат заедно, денешните брачни двојки можат да го доживеат бракот како извор на конфликти и стрес што влијае на нивното здравје, се наведува во студијата која е објавена во журналот „Соушал Сајнс Квартли“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.