Компанијата на младата Медисон „FishFlops“, која првенствено произведува апостолки, го заработи својот прв милион, а девојчето планира уште да го развива бизнисот.
Медисон првите апостолки ги дизајнирала на осум години и му ги покажала на својот татко кој се воодушевил од идејата, па ѝ дал пари да почне сопствен бизнис, што се реализирало пред две години кога девојчето ја промовираше својата прва линија со девет модели апостолки.
Бидејќи одлично ѝ тргнало, Медисон ја проширила понудата нудејќи маици, шорцеви и друга облека. Почнала да пишува и книги за деца, а наскоро планира да лансира апликации и видео-игри кои се случуваат под вода. Во меѓувреме и нејзиниот татко почнал да работи за неа.
Иако првенствено врши продажба преку интернет сајт, младото девојче склучило договори со многу продажни куќи и до сега има продадено повеќе од 60.000 апостолки. Парите планира да ги вложи во нејзиното образование, а веќе почнала да се занимава и со добротворна работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



