Еден маж кој вторпат освоил милион долари на лотарија изјавил дека помислил оти тоа е невозможно.
Официјалните лица на лотаријата го откриле името на мажот кој е двоен добитник на играта на среќа, наведувајќи дека станува збор за 48-годишниот столар Брус Маѓистро.
Тој е жител на Линденхерст во амариканската сојузна држава Њујорк и изјави дека дури ни тој не можел да верува кога сфатил дека повторно добил на лотарија.
Ретки се луѓето кои двапати добиле милионски суми на лотаријата, но тоа и порано се случувало.
Добитникот, кој е вдовец, изјави дека планира да го подели своето богатство со семејството, и да ужива во животот заедно со својата нова вереница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.