| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт, театарска претстава, промоција на книга и изложба на „Скопско лето“

На 21.07.2017, петок, со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт на Гоце Стевковски Септет, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Билетите се во продажба по цена од 300 денари во Југотон Рекордс.

На 24.07.2017, понеделник, со почеток во 20:00 часот ќе се одигра албанска театарска претстава „Се бара стар кловн“ титлувана на македонски јазик, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

ПродукцијаТеатар на еден актер во копродукција со Меѓународниот театарски фестивал „Бутринти 2000“ и Градски театар – Гњилане

АвторМатеи Висниек, Режија: Бесфорт Идризи, Сценографија и костимографија: Енес Деари, Играат: Сабедин Шахиќи (Косово), Бајруш Мјаку (Македонија) , Алфред Буалоти (Албанија), Беќир Нуредини (Македонија).

На 25.07. (вторник), во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Земјотрес 05:17“ од Владимир Плавевски, во Музеј на град Скопје. Издавач на книгата е Македоника Литера. Промотор: Данило Коцевски, извадоци ќе чита актерката: Снежана Конеска Руси

На 26.07.2017, среда, ќе се одржи изложба „Скопје – архиТРАНСформа“ : „Архибелези“(изложба на МГС) и „Concrete memories“, изложба на фотографии на Матијас Шуман од Дрезден, Германија, во Музеј на град Скопје. Изложбата е посветена на 50 години од збратимувањето на градот Скопје и Дрезден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top