Борците на УЧК од Куманово му се заканија на министерот за здравство Арбен Таравари да внимава при менувањето на директори во Куманово. Еден дел од нив се вработени во кумановската болница и се под заштита на актуелниот директор Ариф Љатифи. Дел од нив рекле дека доколку се оди на промена на Љатифи, тогаш Таравари да внимава кого ќе постави, пренесува порталот на албански јазик ИНА. Ваквите реакции се објавуваат и на социјалните мрежи.
Таравари денеска повтори дека наскоро ќе именува нови директори, но без брзање, бидејќи, како вели „здравството треба полека да најде луѓе кои знаат и можат да менаџираат“.
-За ова не брзаме, ќе најдеме решение, дајте ни малку време- порача Таравари денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Зрак на надеж: Дарко Лазиќ е подобар, утринава го посетила и свршеницата!
-
Таравари: Заев вети на сите албански партии дека ќе има интервенции во Уставот