| четврток, 6 декември 2018 |

Цуклев: Ги кратите сите капитални инвестиции, а буџетскиот дефицит ќе биде поголем од планираното

На денешната комисија  за финансирање и буџет во Собранието  на Република Македонија,каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година,пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ,Драган Цуклев,како реплика на пратеникот Сашо Поцков  од редовите на  СДСМ, потенцираше дека не е добро новата Влада да ги кочи капиталните инвестиции,како што се  автопатот Миладиновци-Штип,автопатот Кичево-Охрид,експресните регионални патишта,гасификацијата, изградбата на  новиот клиничкиот центар,изградбата на нов водоснабдителен  систем во Гевгелија и многу други проекти кои биле започнати и се во поодмината фаза на реализација.
-Која е логигата да ги скратите и прекинете сите капитални инвестиции, а буџетскиот дефицит и планираното задолжување на државата да биде поголемо  од планираното,рече Цуклев.
-Кој систем на правичност ќе го донесе минималната плата кога државата ги субвенционира само оние субјекти, кои  даваат помала плата од 12 000 денари,кој е тој систем на правичност мене не ми е јасно,за  некој државата да биде мајка,за некој маќеа-истакна Цуклев.
-Кога зборувате за активни мерки за вработување колега Поцков,велите сте оделиле 9 милиони евра за таа намена, само да ве потсетам дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше мерки за вработување веќе 3-4 години наназад и тоа не е нешто ново и не е нешто што го измислила владата на СДСМ. И кога зборувате за иселување и  невработеност,прочитајте го,а јас ќе ви го цитирам, на страна 2 од воведот на ребалансот на буџетот за 2017 година,тука до нас предложен  од вашиот министер за финансии Драган Тевдовски и сега ќе цитирам: ,,Приватната потрошувачка во првиот квартал порасна за 2,7%,во најголем дел  како резултат на  расположливиот доход  на домаќинствата во услови на  раст на вработенотста и платите во економијата,оваа не го вика ВМРО-ДПМНЕ, туку вашиот министер за финансии од СДСМ,а впрочем и статистиката кажува дека  невработеноста во Република Македонија.  Падна од 38% на 22.9%,анализираше Цуклев.
-Добро е што потенцирал вашиот министер,дека станува збор за раст на  вработеноста,е тука ако најдете мана а вашиот министер за финансии тоа го потврдува,највероватно вие во СДСМ ќе треба да се услогласите околу вашите јавно искажани ставови и дали вработеноста во изминатите години растела или не,затоа што вашиот министер за финнсии потврдува дека расте,вели Цуклев.
-Има релевантни статистички податоци кои кажуваат дека бруто домашниот производ,кој е најрелевантен показател за економската моќ во една државаи и  само за споредна БДП по глава на жител била 2500 евра, во 2016 година е 4500 евра по глава на жител,скоро двојно,стварно не знам што да споредуваме, рече Цуклев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top