Предлогот за поставување на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација не е законски. Директорот треба да не е член на орган на политичка партија, а Спасе Глигоров во моментот кога е предложен не е само обичен член туку е член на извршниот одбор на СДСМ, изјави на денешната седница на Собранието на Република Македонија пратеникот Драган Цуклев.
Според Цуклев поставувањето на Спасе Глигоров преставува грубо прекршување на законот или во најмала рака непочитување на Собранието на Република Македонија.
Тој потенцираше дека СДСМ неколку години наназад зборуваа за партизација на државата, за спојување на партијата со државата и ги заведуваа граѓаните дека тие кога ќе дојдат на власт ќе спроведат професионализација и департизација на администрацијата и дека партиската книшка нема да е услов, а сега гледаме дека нивниот предлог за прв човек на Агенцијата на администрација е партиски кадар.
Според ова излегува дека не е битно што СДСМ зборувала пред јавноста пред изборите, туку е битно што СДСМ зборувала пред партиските органи внатре во партијата. Како што видовме ќе менувале од чистачка до министер,а од скоро видовме и дека партиската книшка на СДСМ е битна за толерирање на сообраќаен прекршок или за одење преку ред на лекар. Со ова излегува дека партиската книшка на СДСМ е битна за секојдневното живеење, додаде Цуклев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.