| четврток, 6 декември 2018 |

Тероризам ли е ова: Доказ дека пожарите во Хрватска се подметнати (ФОТО)

Министерот за внтрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ на седница на Валадата објави дека пожарот во Сплит не бил резултат на дефект на далековод, како што се мислеше, туку дека најверојатко причина на пожарот е отворен оган или жар.

На страницата на Фејсбук на Противпожарната бригада од Градац објавена е фотографија која го менува текот на истрагата.

„Пронајдовме доказ дека пожарите се подметнати. Утрово во Градац на едно место кое сѐ уште не беше зафатено од пожар, пронајдена е цигара замотана со чкорчиња. На пироманот му служела да направи пожар со одложување, т.е. да има време да избега. Ние ги рискираме животите, влегуваме во оган, спасуваме луѓе и имоти, а то прават тие, подметнуваат. Тероризам ли е ова“, пишува во објавата на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top