Во Зрновница во Хрватска изгорело речиси сѐ, а по пожарот останале само пустош и апокалиптични слики. Меѓутоа, една камп-куќарка и пчеларник останале недопрени од пламените јазици, пишуват хрватските медиуми.
Сопственикот на куќарката Никша Барбариќ вели дека противпожарна екипа направила цврста линија за одбрана од пожарот преку која, благодарение на нивната пожртввуаност, огнот не преминал ниту милиметар.
–Кога видовме дека се приближува оган, се послуживме со стар трик; превентивно запаливме три метри трева кон огнениот фронт и веднаш го изгасивме пожарот. Така пожарот ја прескокна оваа ограда. Но, запалени ми се околу две илјади квадрати, тоа не можеше да се одбрани. По пожарот во 2011 година израснаа море млади борчиња, тие горат како бензин – објаснува Барбариќ.
Целиот рид и дел од маслинарникот изгореа, но камп-куќата и пчелите се спасени и тоа со 12 пожарникари и возило со 1.500 литри вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.