Сите пожари во Црна Гора се ставени под контрола, иако и натаму тлее пожарот кај Забрѓа и Мркова, кај Херцег Нови.
Од Службата за заштита и спасување на Херцег Нови е соопштено дека нивните пожарникари голема помош добиле од канадерите од Хрватска, што, како што тврдат, биле поефикасни од противпожарните летала од Украина.
Активен е и пожарот на Видов Врв, што зафатил непристапен терен, но не им се заканува на објектите.
-Во општините Тиват и Херцег Нови активни се пожарите на Коњевичи. На локациите каде претходните денови беа активни пожари се уште има активности, но ситуацијата е значително подобрена и е под контрола – соопшти Директоратот за вонредни ситуации, пренесе РТЦГ.
Во текот на претходниот ден покрај воздухопловите од Украина, Швајцарија и Бугарија, во гасењето на пожарите беа вклучени и канадери од Хрватска, што делуваа во пограничниот појас меѓу Црна Гора и Хрватска.
Вчера попладне на тиватскиот аеродром слетаа уште два израелска авиона од типот„ер трактор“ што имаат капацитет на носивост од 3.000 кубика вода и веќе денеска тие ќе бидат ставени во оперативна употреба, наведе Директоратот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Уште една оставка во Грција поради пожарите
-
По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада