| четврток, 6 декември 2018 |

Родман во свој стил: Леброн Џејмс би бил просечен кошаркар во мое време

Денис Родман не ја признава величината на Леброн Џејмс и вели дека во негово доба, во 80-те и 90-те години од минатиот век, „кралот“ би бил само просечен играч.

„Леброн е на сцена во вистински момент, кога нема силна конкуренција. За разлика од него Џордан кој играше во време, кога мораше да се тепаш за секој поен, топка. Леброн не е од тој калибар. Се што зане да прави е да се жали кај судиите, кога не му судат фаул. Да играше во наше време ќе беше само просечен кошаркар“, рече Родман во едно ток-шоу во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top