| четврток, 6 декември 2018 |

Путин нареди пресметка со радикалните исламисти пред ЗОИ во Сочи

rusija muslimaniРуската полиција уапсила 300 лица во просторија за муслиманска молитва во Москва, откако претседателот Путин нареди пресметка со радикалните исламисти пред Зимските олимписки игри во Сочи. силите за безбедност се во висок степен на готовност за заштита на учесниците во Сочи на Црното море, во близина на јужните мнозинско муслимански руски области во кои Русија се справува со бунтот на исламистите.

-Мораме одлучно да се бориме против екстремистите, кои под знамето на радикализмот, национализмот и сепаратизмот се обидуваат да го разурнат нашето општество, порача Путин.

Според него, особено под контрола треба да се држи состојбата во северен Кавказ.

Меѓу 300те уапсени во упадот на полицијата, трет од почеток на годинава, има и 170 странски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top