| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл и Фејсбук загрижени за програмата за следење комуникации

Гугл и Фејсбук се загрижени заради последиците за слободата на граѓаните, по информациите дека американското разузнавање има пристап до личните податоци на корисниците на нивните услуги.

Првиот човек на Гугл, Лери Пејџ соопшти дека Гугл не е вклучен во ниедна владина програма со која би дозволила да се „копа“ по личните податоци на корисниците на електронската пошта Гмејл и видео сервисот Јутјуб.

mark fbДиректорот на Фејсбук Марк Цукерберг ги повика агенциите и владите да бидат потранспарентни во однос на сите програми кои се во насока на јавната безбедност.

-Тоа е единствен анчин да се заштитат граѓанските слободи и да се создаде сигурно и слободно долготрајно општество, додава Цукерберг.

Вчера претседателот на САД Барак Обама ја заштити легалноста на програмата за набљудување на интернет активностите, уверувајќи дека биле следени само комуникациите на странски интернет корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top