| четврток, 6 декември 2018 |

Загинал собирајќи слама на сопствената нива

Во кумановското село Лопате, вчера, собирајќи слама во својата нива, настрадал 49-годишниот Н.Ф.

Откако паднал од тракторска приколка на која бил качен, тој бил прегазен од тркалото од приколката.

Од страна на негови роднини истиот е пренесен во Клиничка болница-Куманово, каде е констатирана смрт. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top