Судот мора да работи по словото на законот и никако поинаку. Недозволиво е да потклекнува под партиско политичките притисоци на СДС и нивната испостава СЈО. Впрочем дека судот потпадна под ваквиот невиден притисок е и последната одлука за одредување притвор спротивно на правните аргументи, изјави денеска пред Апелацискиот суд Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа одлука е скандалозна од причина што при носењето не биле земени аргументите на одбраната, туку е водена само според барањата и диктатите на СЈО. Оваа хајка во која сега директно се вклучи и судот е крајно тенденциозна и има за цел да изврши удар врз функционерите и самата партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова сценарио има цел да ги урива позициите на Македонија во пресрет на распродажбата на националните и државни интерeси, кои на големо ги подготвува Зоран Заев – рече Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека овој притисок е оркестриран, дотолку повеќе што во него се вклучија и медиумите блиски до СДС, кои сега креваат нова хистерија со барања за апсења. Оваа хистерија е јасна, бидејќи немаат правни аргументи, брзаат да апсат.
-Јасно е дека притисокот на СЈО и СДС врз судовите ќе продолжи и понатаму. Затоа им порачуваме дека овие одлуки ќе бидат преиспитани кога ќе дојде до промена на власта. Оваа антидржавна кампања на СДС и на Зоран Заев ќе дојде до својот крај многу скоро. Тогаш секој ќе одговара за своите постапки, вклучително и сите правосудни органи кои спротивно на законот носат одлуки – изјави Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.