| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка попладнево кај Градско: Излетал од патот и загинал на лице место

Денеска околу 18.30 часот Р.Д. од Куманово загинал во сообраќајна незгода која се случила на патот Велес-Градско.

Според полицијата тој возел автомобил „опел зафира“, кога кај селото Ногаевци од засега непознати причини возилото излетало од патот, при што на местото на незгодата починал возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top