Денеска матурантите го полагаат првиот задолжителен предмет од државната матура. Тестирањето по мајчин јазик и литература, македонски албански или турски, го полагаат 19 289 матуранти и предвидено е да трае 4часа.
Вториот предмет од државната матура е изборен и ќе се полага во вторник.
Ако се погледне статистиката, годинава се пријавиле 1,06 проценти повеќе матуранти за државната матура. по јазици, македонски јазик и литература полагаат 1,42 проценти помалку од лани. за албански јазик и литература се пријавиле 5,97 проценти повеќе матуранти, а 5,11 насто повеќе пријави имало и за тестот турски јазик и литература.
Математиката повторно е најизбегнувана како предмет за вториот, изборен предмет. повторно најпосамкувани се странските јазиции тоа предничат англискиот и германскиот, споредено со францускиот и рускиот.
матурантите од училиштата за уметност како изботен предмет имаа филозофија и естетика, каде по посакувана е естетиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.