Во Лаганас на Закинтос повторно дошло до тепачка, во која повторно учествувале Срби.
Само неколку дена по инцидентот во кој животот го изгуби Американецот Бакир Хендерсон(22), во новата тепачка има повредени.
Според пишувањата на грчкиот портал Ерминсњус, Србите овојпат се судриле со двајца туристи за кои се верува дека се Швајцарци.
Едниот од двајцата Швајцарци превезен е во болница и задржан на лекување, додека другиот се здобил со повреда на шаката.
И овој инцидент го привлече вниманието на јавноста кон нетрпеливоста на туристите од Србија кон другите туристи, главно под влијание на алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.