| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпија расадник на тренери за МЗТ Скопје, сега Суботиќ е прв пик

Љубљанска Олимпија како да станува расадник за тренери на МЗТ Скопје, а словенечките медиуми најавуваат дека речиси сигурно нов кормилар на македонскиот шампион ќе биде Слободан Суботиќ. Некогашното одлично крило на Олимпија, би го заменил  поранешниот соиграч од одличната генерација на „Змајчеки“, Алеш Пипан. Пипан од МЗТ Скопје замина токму во Олимпија, па ако се остварат најавите од Словенија, ќе имаме интересна комбинација.

Уште ако се додаде дека Пипан е селектор на Македонија, тогаш станува јасно дека полека, но сигурно се вртиме кон словенечкиот пазар за успешни кошаркарски стратези.

Покрај 57-годишниот Суботиќ во игра се и Тома Махорич и Зоран Мартиќ. И тројцата се тренери со богата кариера предводници на голем број европски екипи. Зад името на Махорич се запишани екипи како Литвос Ритас, Олимпија, Слован, а Мартиќ бил предводник на украински Химки, како и неколку екипи од Унгарија и Грција.

Суботиќ бил тренер на грчките АЕК, Арис, Панатинаикос, ПАОК, Олимпијакос, Унион Олимпија како и хрватските Сплит и Цедевита.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top