| четврток, 6 декември 2018 |

Нови докази: принцезата Дијана била убиена во заговор

16 години по смртта на Принцезата Дијана, се појавија нови докази кои тврдат дека Дијана е убиена во заговор.

Според доказите кои биле пронајдени од страна на американскиот новинар Џон Морган од магазинот Глоуб, таа била убиена поради заговор во кралската палата, а целиот случај до сега го држеле во тајност високи полициски службеници кои  успеале да прикријат информации и клучни докази.

princess_diana_murder

Морган во неговата книга објавена неделава пишува дека Скотланд Јард ги прикрило информациите за убиството на Дијана, односно фалсификувале документи со кои ги поткрепиле лажните тврдења дека загинала во несреќа. Според неговите информации, Дијана воопшто не загинала во сообраќајка, туку претходно била убиена, а потоа била наместена на местото на несреќата. Повеќе детали за заговорот во кој е убиена прицезата ќе бидат објавени во изданието на Глоуб што ќе биде издадено на 17 јуни.

Покрај сомнежите на новинарите, и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт веќе подолго време инсистираат повторно да се отвори случајот за конечно да се дознае вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top