| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Јариќ е во болки, додека таа за тоа време ужива!

Иако неодамна минаа дел од летото заедно во Црна Гора, па се зборуваше за смирување, патиштата на Марко Јариќ и Адријана Лима се разделија.

Кошаркарот остана на овие простори и своите следбеници на Инстаграм ги изненади со ни малку убава глетка, односно посета на стоматолог, која ја испрати со мноштво емотикони кои изразуваат болка.

Од друга страна, Лима ужива со полни гради во Истанбул, каде е во посета на новото момче, турскиот писател Метин Хара.

Иако на социјалните мрежи се уште нема ставено заедничка фотографија со него, познатата убавица објави селфи од ноќна забава во Истанбул со пријателка, но на сите им е јасно нека нејзиното момче сигурно е крај неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top