| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Вонредната состојба продолжена уште три месеци

 

Вонредната состојба во Турција е продолжена за уште три месеци, откако Парламентот го прифати  барањето на турската влада за продолжување, цела година откако е воведена заради обидот за преврат на 15 јули минатата година.

Според канцеларијата на премиерот Јилдирим, кабинетот побарал од парламентот продолжување на вонредната состојба за следните три месеци со почеток од среда, 19 јули. Ова барање следеше по церемонијата минатиот викенд кога беше одбележана годишнината од неуспешниот воен удар при што загинаа околу 250 лица.

Откако е воведена воената состојба, од 20 јули лани, над 50.000 лица се уапсени, а 150.000 се суспендирани или отпиштени од работа и во приватниот и државниот сектор.

За противниците на Ердоган, сето ова ќе ја однесе Турција кон поголем авторитаризам.

Владата на Турција пак нагласува дека „чистката“ е неопходна во спротивставувањето со безбедносните предизвици со кои се соочува државата и во истребувањето на приврзаниците на имамот Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД и кого Турција го обвинува за организирање на превратот, што тој го негира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top