Првите шпекулации дека Путин и Људмила не се повеќе заедно се појавија во 2008 година, во исто време кога се појави и аферата со атрактивната гимнастичарка Алина Кабаева.
Некои тврдеа дека се разделиле пред многу години, но Путин ја водел со себе од време на време, за да се прикаже дека има добро семејство. Според други пак, Људмила боледувала од тешка болест и се лекувала. Трети пак, тврдеа дека таа станала алкохоличарка и нејзината психичка состојба е нарушена поради што била испратена во лудница.
Во 2010 година се појави уште една верзија според која Људмила нашла душевен мир во манастир. Информациите како молња се раширија на интернет, а се тврдеше дека е сместема во женскиот манастир Спасо-Елеазаровски, на 25 километри од градот Псков. По овие информации следуваа и сведоштва на очевидци кои наводно ја виделе првата дама во манастирот. Освен тоа, овој манастир добил државна донација од 1,5 милиони долари за целосно реновирање, што претставува огромна сума за објект од таков ранг. Се претпоставува дека парите биле дадени директно по наредба на Путин кој тогаш беше премиер. Локалните медиуми пишуваа дека Људмила го зголемила нејзиниот интерес за религијата уште во 1993 година кога преживеала сообраќајна несреќа во нејзиниот роден град Калининград, по што имала две сериозни операции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


