| четврток, 6 декември 2018 |

Елмас ќе може да дебитира за Фенербахче дури во јануари?!

Најнадежниот македонски фудбалер, Елиф Елмас, синоќа пристигна во Инстанбул, каде во наредните денови треба ќе го официјализира трансферот во турскиот гигант, Фенербахче.

Сепак, 17-годишниот играч за врска, ќе мора да почека до јануари за да дебитира во дресот на некогашниот шампион на Турција, денеска објави тамошниот „Си-Ен-Ен“. Причината е тоа што нашиот фудбалер сè уште е малолетен, а правилата на ФИФА се јасни, еден малолетен фудбалер може да биде регистриран во еден трансфер-период, само ако до самото завршување на истиот, тој ќе наполни 18 години, што не е таков случајот со Елмас.

Медиумот, исто така, пишува дека Eлиф најверојатно есенската сезона ќе ја мине на позајмица во Работнички, од каде и премина во редовите на Фенербахче. Елмас одигра одлична сезона во дресот на „романтичарите“, а забележа и солидни настапи на ЕП за млади фудбалери во Полска, каде Македонија за прв пат во историјата обезбеди учество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top