Во саботата, во 12 часот во Полициска станица Прилеп, Т.С. (46) од Скопје, пријавил дека истиот ден додека кампувал со шатор поставен во паркот кај Могилата на непобедените заедно со своето семејство, му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки.
Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале Т.С., неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди.
Полициска станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скопјанец претепан со ланец и секира пред своите внуци
-
Функционер на ДУИ нападнал полицајка кај Мавровка – сакале да му го кренат џипот со пајак
-
Стружанка заработи кривична: Го нападнала сопругот со нож, го расекла на главата и челото
-
Инцидент во автобус на влезот во Драчево: Двајца скопјани нападнале контролор на ЈСП