Павле Богоевски и Исмаил Малиќи – Ицко имале жесток конфликт пред неколку дена во неформалниот штаб на шарените профитери „Излет“ кој е сопственост на Огнен Узуновски-Оги – патем, Узуновски е човекот кој кога зема пари од Министерството за култура за да организира концерти нема режим и има мир, а кога не зема нема правда и е голем отпораш.
Приказната започна да се обзнанува вчера на социјалните мрежи, кога сведоци на настанот почнаа анонимно да објавуваат детали од конфликтот меѓу Павле и Малиќи среде „Излет“. Двајцата воопшто не биле дискретни, особено Малиќи кој бурно реагирал кон Павле во еден момент.
Подобро упатените велат дека веројатно станува збор за стари неисплатени долгови кон Малиќи за протестите во кои земаше значаен дел. Јавна тајна беше и тогаш, а денес е само потврдена информација, дека протестите на шарената револуција беа организирани од СДСМ и Соросовата мрежа и дека многу профитери тогаш дебело се нафатираа од својата „бунтовничка“ активност.
Некои станаа пратеници, некои советници на Заев, а некои како Малиќи не станаа ништо – што исто така е една од причините за неговиот бунт и револт.
Присутните велат и дека на крајот на расправијата Малиќи на Павле му се обратил со зборовите „Ќе видиш, шарена сега ќе иде со друга партија“ заканувајќи му се дека јавно ќе го покаже конфликтот во нивните редови, ќе посведочи дека биле организирани и инструирани од СДСМ и лично од Зоран Заев, кој се обидел да ги смири раскараните страни, но не успеал.
Малиќи е инаку и човекот кој за време на еден од протестите со блокирање на крстосницата кај Соборниот храм му залепи шамар на скопскиот урбан лик Крис кој проаѓаше на тој простор со својот мотор.
Дали и Павле ќе помине како Крис или долговите ќе се расчистат и Малиќи ќе биде обештетен со парите кои му ги должат или пак ангажиран како советник на некој министер, ќе видиме многу наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.