Ноќеска околу 01:00 часот на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје, спроти ОУ „Панајот Гиновски“ настанал пожар при што биле зафатени три трафики чии сопствениците не се познати и три возила и тоа: товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.С. и патничко возило „Опел Корса“ со странски регистарски ознаки сопственост на лицето Љ.С.
Пожарот е локализиран, а увид ќе се врши во текот на денов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.