Српски туристи кои летувале во Никити во Грција се ограбени во својот апартман, кога разбојници им се протнале под ролетните и им украле два мобилни телефони и фото апарат.
Туристите станале лесна мета на крадците најверојатно затоа што во апартманот не им работела климата, па спиеле со отворен прозорец.
Сличен случај имало и во Пефкохори, каде момче се преправало дека лежи на плажа, а всушност прислушкува што зборуваат туристите, па така наслушнал дека некоја жена купила бунда, по што истата е украдена. Вечерта жената и нејзиниот сопруг биле ограбени во нивниот апартман.
Неодамна српските медиуми пишуваат дека нивните граѓани треба да внимаваат да не бидат ограбени додека се во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


