Мажите и жените често дебатираат за тоа колку би требало да трае совршениот сексуален однос. Во едно истражување двојки со стоперици ја мереле должината на сексуалениот однос од пенетрација до ејакулација. Просечното време, без предигра, траело 5,4 минути.
Во истражувањето учестувале 500 двојки кои биле во стабилна врска долга повеќе од шест месеци од Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција и САД. Истражувањето траело четири недели.
Најбрзи биле Турците чиј просечен однос траел 3,7 минути, а мажите од другите земји можеле да издржат обично шест до седум минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.