| четврток, 6 декември 2018 |

„Камерен театар 55“ од БиХ ќе ја изведе претставата „Жаба“ на „Охридско лето“

На програмата на Охридско лето утре со почеток 21:00 часот во Предворјето на црквата Св. Софија е театарска претстава „Жаба“од Дубравко Михановиќ во режија на Елмир Јукиќ во изведба на „Камерен театар 55“, Босна и Херцеговина.

Култната претстава е приказна за сите нас, за луѓето на денешницата, време на неразбирање, осаменост, потрага по љубовта и смислата на животот. Претставата го дијагностицира времето во кое живееме. Таа ги донесува ликовите кои не се снаоѓаат во времето на транзицијата и времето на промените. Текстот ги прикажува проблемите и случувањата кои се исти или слични во Босна, Хрватска и Србија. Тоа е првенствено проблем на непостоењето комуникација и неможност да се слушне туѓото мислење. Овој текст има една убава теза, а тоа е дека секогаш во сè бараме виновник, пропуштаќи сами да направиме битни промени во своите животи. Поради нештата како што се прашањето на лошите животи и состојбата во која живееме, сите ние сме во постојана потрага на виновниците, па ги пронаоѓаме во властите, во системот, директорот на фирмата, шефот, работодавачот, тренерот, селекторот, наместо да се избориме самите за себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top