| четврток, 6 декември 2018 |

Нестабилно со пороен дожд и грмежи за викендот

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи се очекува денеска доцна попладне во јужните делови од земјава.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи, според најавите на УХМР, ќе биде и утре попладне претежно на југот и истокот од земјава.  На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни над 30 литри на метар квадратен. Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник претпладне.

Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени. Утре ќе достигне до 33 степени, во понеделник до 28, вторник 32, среда 34 и четврток до 35 степени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top