| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување: УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузната такса

УЈП ги предупредува граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30 јуни 2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата. Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, оттаму препорачуваат навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

„Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата“, соопштија од УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top