| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за фотографија на „МакеДокс“

На еден месец пред почетокот на осмото издание на фестивалот „МакеДокс“, информира дека ќе одржи работилница на која учесниците ќе си играат со самите почетоци на визуелниот запис.

-Накусо ќе се запознаеме со основните теориски поставки на камера опскура, сами ќе изработуваме фотоапарати и ќе правиме фотографии со нив. Дел од нив дури и ќе изложиме. Ќе ја истражуваме визуелната нарација, ослободена од технолошкиот товар, велат оттаму.

Работилницата ќе ја води Сашо Н. Алушевски со дел од секцијата за фото и видео на „МакеДокс“. Ќе се случува преку ден во текот на три фестивалски дена, во траење од најмалку три часа дневно. Бројката на учесници е ограничена на 16, возраста на учесниците не е. Како предност ќе се смета секое фотографско искуство.

Напиши кусо мотивациско писмо – кажи ни нешто за себе и зошто би сакал/а да учествуваш на работилницата – и испрати ни го на photo.makedox@gmail.com најдоцна до 20 јули 2017 година.

Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top